Од сега полесно до попуст!
Почнувајќи од овој месец во нашите маркети полесно ќе можете да дојдете до Вашиот попуст. Имено, поставивме нови картички кои ги означуваат различните видови попуст кои може да ги искористите кај нас. За производите од сезонските каталози побарајте ги картичките на кои е означена намалената цена со текстот СЕЗОНСКИ ПОПУСТ. Клуб производите се означени со Клуб Рептил симболот, а за сите други производи пронајдете го црвеното картонче кое е обележано со текстот НАМАЛЕНИЕ. Не ги изоставивме ни новитетите во нашите маркети така што и за нив направивме посебни картички на кои едноставно, пишува НОВО!