Нова соработка со Зоолошката градина во Скопје


Пред Новата година остваривме уште една соработка со Зоолошката градина во Скопје. Придонесовме за нејзиното разубавување и изработивме интересна илустрација која можете да ја погледнете секој пат кога ќе поминувате покрај куќарката каде е сместен крокодилот (близу лемурите и јагуарите). Во нашата претходна соработка со Зоолошката градина изработивме 5 информативни панели за влекачите и крокодилите кои може да ги најдете во истата куќарка.