ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Рептил маректите веќе 15 години ви овозможуваат да живеете здраво. Уште од првоотворениот маркет овошјето и зеленчукот станаа наш најпродаван производ. Ние располагаме со богато снабдени пиљари каде нашите вработени веднаш ќе ви помогнат во вашиот избор за поздраво утре. Гарантираме за вашето здравје бидејќи секојдневно гарантираме за свежината и квалитетот на нашите производи.
СВЕЖО ПЕЧЕНИ БАГЕТИ
Свежо печените багети станаа заштитен знак во истиот момент кога нивниот мирис за прв пат почна да се чувствува во просториите на нашите маркети. Внесете новина во нашиот доручек како замена за стандардниот леб или искористете за да направите вкусен домашен багет-сендвич. Свежо-печените багети може да ги набавите во 4 вкуса: Маслинка, Лук и магданос, Интегрален, Пченкарен и Стандарден.
СВЕЖО ПЕЧЕНИ ЛИСНАТИ ПОГАЧИЦИ
Свежо печените лиснати погачици, исто како и багетите станна хит во нашите маркети. Тие кај нас може да ги најдете стандардни но и полнети со сирење. Идеални се за доручек и ужина на работа во комбинација со јогурт. Збогатете ги вашите домашни прослави така што ќе направите нарачки од овие погачици. Тие ќе бидат секогаш свежи и топли!
