Ние не ја заборавивме топлината и услугата на маалските продавници. Услугата ја негуваме веќе 15 години и е нешто со кое најмногу се гордееме. Нашиот приоритет е секој купувач да излезе задоволен по пазарувањето во нашите маркети. Очекувајте вработените во Рептил маркетите да го направат дополнителниот чекор во услугата: ќе ви речат „Добар ден“, спремни се да ви асистираат при вашето пазарење или ќе ви помогнат да ги изнесете торбите до вашиот автомобил. За ова да биде возможно, вложуваме голем број на ресурси во обуката на сите наши вработени и во контролата на квалитетот на нашата услуга. Нашето мото не е случајно: „Пазарете со срце и задоволство“. Ние ви гарантираме дека нашата услуга ќе биде топла, соседска и срдечна и дека ќе излезете задоволни при секое ваше пазарување.
Живко Поповски
„Како долгогодишна муштерика во вашата продавница презадоволна сум од услугата и коректното однесување од вашите вработени.“
Симоновска Верица
Јован Стојанов
„Благодарност до персоналот на љубезноста, вредни, услужни. Голема пофалба.“
Стојковиќ Мирјана
„Одушевен сум од добрата работа и љубезноста на вработените. Секогаш сум пријатно изненаден од некој од нив.“
Тони Пешев
Андријана Миневска
„Благодариме на Вашиот културен однос кон нас потрошувачите.“
Срдечно од проф.д-р. Димитар Ќорнаков
