Распоредете ги сликите :)



Рептил маркетите ја имаат најдобрата услуга во градот! Нашата компанија е основана врз темелите на поранешните самопослуги Центро преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал. Ова ни овозможува да се истакниме како единствен ланец-маркети во градот кој ја продолжува традицијата и гарантира топла и искрена услуга за секој наш потрошувач.

Освен услугата како најголем адут, нашите маркети се познати по големиот и квалитетен асортиман на производи. Разумните цени се уште една наша одлика што се реализира преку бројните неделни акции, намаленија и нашиот клуб на попусти - Клуб Рептил.

Нашите маркети се наоѓаат на 5 различни локации низ Скопје : Центар, Црниче, Кисела Вода, Аеродром и Партизански Одреди.

Истовремено вршиме и дистрибуција на стока на големо за потребите на јавни и приватни компании. Новитет во нашето работење е доставата на производи до компаниите во Скопје по цени од полица.